Инцидент во 2018 година му става забрана на Емболо да влезе во САД!?

97

Големи проблеми за репрезентацијата на Швајцарија, поточно за Брил Емболо. Екипажот на швајцарците веќе го мина Атлантикот и се подготвува за Мундијалот, но не и Емболо, за кого САД прави проблеми за влез во оваа држава.

Швајцарските медиуми пренесуваат дека се пронајдени аномалии во документацијата на Емболо, а истите се поврзани со наводен инцидент од 2018 година.

Во моментов не се објавени дополнителни детали за случајот, но ситуацијата покренува сериозни прашања за можноста напаѓачот да се придружи на својот тим за последната фаза од подготовките.

 

ПретходноАвстрија е сериозно ослабена, Баумгартнер отпадна за Мундијалот
СледноПоследна информација: Фудбалерите во Скопје со нов авион пристигнуваат во 20:00 часот