Охрид очекува рекорден број триатлонци на Балканското првенство

34

Охрид повторно ќе биде центар на балканскиот триатлон – рекорден број натпреварувачи и 12 држави учеснички на Балканското триатлон првенство 2026

Охрид повторно ќе стане центар на балканската триатлонска сцена. На 13 и 14 јуни 2026 година, плажата Бафало ќе биде домаќин на Балканското првенство во триатлон, еден од најзначајните спортски настани во регионот, кој ќе донесе рекорден број натпреварувачи, силна меѓународна конкуренција и учесници од 12 држави.

Организацијата на овој врвен спортски настан е резултат на заедничка посветеност и поддршка од институциите, спортските организации и локалната заедница. Посебна благодарност упатуваме до Министерството за спорт и Општина Охрид чија поддршка претставува силна мотивација за спортистите, организаторите и сите љубители на спортот.

Балканското првенство ќе биде организирано под покровителство на Балканската триатлонска асоцијација (BTA) и ќе вклучува натпревари во Елитни категории, младински категории, возрасни групи, детски трки и тимски штафети.

Се очекува масовен старт во Елитна категоријата, динамични и неизвесни детски трки, очекуваме голема публика и атмосфера што повторно ќе го претвори Охрид во спортски центар на регионот.

Во 2019 година, Охрид беше домаќин на незаборавно издание исполнето со силна енергија, исполнети улици, врвна конкуренција и атмосфера што се чувствуваше во секој дел од градот. Оваа година, повторно пишуваме историја.

Покрај елитните натпреварувачи, организаторите ги повикуваат и рекреативците да станат дел од овој уникатен спортски спектакл.

ПретходноПСЖ го има највредниот тим во светот, го мина и Реал (М)
СледноПочина едно од најлегендарните имиња на НБА лигата – Рик Аделман