Кормиларот на македонската машка кошаркарска репрезентација, Жозеп Мариа Берокал предмалку го објави проширениот список на играчи на кои ќе смета за претстојниот ФИБА јунски репрезентативен прозорец.
Истиот е секако во рамките од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година.
За дуелите од „А“ групата од претквалификациите, оние со селекциите на Ирска (во Скопје) и Луксембург (на гостински терен), машката сениорска репрезентацијата на Македонија ќе тренира во Скопје.
Првиот официјален собир е закажан за 15. јуни, со почеток во 10. часот, во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.
Во јулскиот ФИБА „прозорец“ од претквалификацискиот циклус, нашите најдобри кошаркари ќе одиграат два натпревари, и тоа против соодветните национални селекции на Ирска и Луксембург.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
2.јули, 2026 – Скопје: Македонија – Ирска
5.јули, 2026 – Луксембург: Луксембург – Македонија
ПОШИРОК СПИСОК НА ИГРАЧИ ЗА ФИБА „ПРОЗОРЕЦ“ – ЈУЛИ 2026
Ненад Димитријевиќ – Баерн Минхен-Германија
Андреј Јакимовски- Тренто – Италија
Адем Мекиќ – Задар (Хрватска)
Лејсон Зеќири – Башкими – Косово
Валмир Какруки – Сигал Приштина – Косово
Резарт Мемед – Бора (Косово)
Андреј Шошкиќ – НЦАА-САД
Павел Иванов – НЦАА – САД
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром
Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
Виктор Ташовски – ТФТ
Страхил Николов- ТФТ
Стојан Ѓуроски – МКК Куманово
Мухамед Тачи – Чаир 2030
Рубин Стефанов – Ангели
Виктор Ефремовски – Работнички
Андреј Митревски – Пелистер
Лука Стојановски – Пелистер
Никола Бојчев – Кожув
Теодор Симиќ – Кожув
Амар Хот – Маџари
Марко Луканоски – Маџари
Петар Бошалески – Тиквеш Голден Игл
Михаил Наумоски – Феникс 2010










