Младост Богданци ја победи Струга во баражот и избори пласман во ракометната Суперлига

129
ФОТО:.facebook.com/RKMladostBogdanci

Младост Богданци следната 2026/27 сезона ќе биде дел од ракометната Суперлига на Македонија. Тимот од Богданци денеска во салата во Бутел (Скопје), во баражот успеа да слави против Струга со 25:22.

Интересен меч во кој никој немаше право на грешка ако се знае што носеше овој бараж натпревар.

Во првата фаза се играше рамноправно, а на пауза се замина со 11:10 за тимот од Богданци.

Во продолжение од средбата, се до 40.минута кога беше 15:15 имавме резултатски егал, но од тој момент ракометарите на Младост Богданци како да префрлија во поголема брзина, почнаа резултатски да се “одлепуваат“ додека стружани немаа одговор на таквата игра. Десет минути подоцна разликата беше +6 за Младост и тука беше се готово.

На крајот резултатот гласеше 25:22 за заслужена победа на тимот од Богданци кој 50.годишнината од своето постоење ќе го заокружи со враќање во ракометната елита на Македонија.

Кај победничкиот тим најефикасен беше Андовновски со шест погодоци, додека кај поразениот состав Мечкаровски исто запиша шест голови.

ПретходноШпанците утре без тројца репрезентативци против Ирак
СледноАрбелоа се понудил на Леверкузен и добил едно големо “НЕ“!