Пријателски: Алжир ја изненади Холандија, “новата“ Италија со победа кај Луксембург!

77
ФОТО:.facebook.com/profile.php

Холандија – Алжир 0:1 е исходот од пријателскиот меч вечерва во Ротердам, во кој сретнаа две селекции кои ќе играат на претстојното СП. Избраниците на селекторот Петковиќ ја изненадија Холандија, и не само поради резултатот и победата, стрелец беше Хаџ Муса во 86.минута, туку и играчки. Селекцијата од Африка како да беше помотивирана од домашниот тим на селекторот Роналд Куман. Треба да се каже дека Холандија не успеа да реализира повеќе шанси, но факт е дека повеќе се очекува од оваа селекција на Мундијалот.

Новата Италија, со веројатно најмлад состав во историјата, во просек 21 година, успеа во пријателски меч да слави победа кај Луксембург со 0:1 и тоа со голот на Еспозито.

В.Д. Селекторот на Италија, Силвио Балдини и тоа изненади со составот и ја шокираше фудбалската јавност во своата земја.

На останатите мечеви Албанија беше поразена од Израел со 0:1, Данска одигра без голови со Конго, и Полска и Нигерија одиграа 2:2.

ПретходноНема спиење: Комплетен распоред на групната фаза на СП 2026!
СледноРолан Гарос: Арналди си закажа историско полуфинале со Коболи!