Коболи го урна Алијасим за италијанско полуфинале на Ролан Гарос!

35
ФОТО:x.com/rolandgarros

Јаник Синер одамна не е во конкурензија во Париз, но Италија сигурно ќе има финалист на Ролан Гарос. Флавио Коболи, 14-тиот тенисер во светот, денес стигна до полуфиналето на вториот Гренд слем турнир во сезоната, откако го победи Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим, шести на АТП листата, со 3:1. Во сетови, резултатот беше 4:6, 6:4, 6:4 и 6:4. Мечот траеше три часа и 26 минути. Коболи ќе се бори за место во големото финале против еден од своите сонародници, бидејќи во последното четвртфинале имаме дуел меѓу Матео Беретини и Матео Арналди. За потсетување, првиот полуфинален пар го сочинуваат Германецот Александар Зверев и Чехот Јакуб Меншик. Ниту еден од овие играчи не освоил трофеј од Гренд слем и јасно е дека сме сведоци на историски турнир.

ПретходноАбутовиќ: Те сакам Македонијо! Засекогаш ќе бидеш во моето срце!(ФОТО)
СледноПомладите пионери на Вардар триумфираа во Купот