Толку од Хојлунд како играч на Манчестер Јунајтед

94

И официјално, Расмус Холјунд си заминува од Манчестер Јунајтед и преминува во Наполи, како негов член. До сега позајмицата во Неапол, се претвора во перманентен трансфер откако е активирана клаузулата за откуп од 44 милиони евра.

Претходно данецот играше во Серија А за позајмица вредна 6 милиони евра, а сега откако сериозно се наметна во тимот на Наполи, кој пак повторно е дел до Лигата на Шамионите, тој и дефинитивно станува член на овој клуб.

Хојлунд на мала врата си заминува од Олд Трафорд, откако своевремено пристигна од Аталанта како огромно засилување и решавање на огромните проблеми во нападот.

Сепак, далеку од тоа дека се снајде онака како што се очекуваше, туку за многу бргу падна во втор план, а и еве си замина од клубот.

ПретходноСрбите му дадоа одврзани раце на Пауновиќ да прави „чистка“ во репрезентацијата
СледноУжасна вест: Почина Един Авдиќ, најпознатиот спортски коментатор на Балканот!