ФФМ го одржа ветувањето: Шкендија доби најголема казна во историјата!

1172
ФОТО: FFM.MK

По се она што се случуваше за време, а посебно по натпреварот од последното финале на Купот на Македонија, каде Силекс ја победи Шкендија со 1:0, денеска имаме епилог. И дефинитивно ФФМ го одржа ветувањето кое беше најавено веднаш на пресот по 33.финале на Купот на Македонија.

А тоа беше дека Шкендија ќе биде најстрого казнета.

И еве, Шкендија ја доби најголемата казна во историјата – вредна 105.00 евра. Оваа сума е вкупна за се она што и нивните фанови направија на Арената “Тодор Проески“ вечерта на 20 мај. Шкендија е казнета и со исфрлање од Купот за наредната 2026/27 сезона.

Шкендија е казнета поради одбивање да се примат медалите, поради навредливи скандирања од страна на фановите до ФФМ и слично, исвиркување и не стоење на химната на Македонија, употреба на пиротехнички средства и др.

И сето тоа “вреди“ 105.000 евра. Сума и казна која е убедливо најголема во историјата на мак- фудбалот и спортот во Македонија воопшто.

Јасно е дека секој си ги сноси последиците од направеното, тука нема дилеми, но ајде да направиме мала споредба што значи оваа казна и колкава е таа.

Ако Шкендија има буџет од 3.000.000 евра, секако неофицијално, и добива казна од 105.000 евра, тоа е исто како да го казниш Реал Мадрид со 50 милиони евра, тоа е еквивалент на казната на Шкендија во наши рамки.

Исто така 105.000 евра е 20-30% од буџетот на многу наши прволигашки клубови.

Претходно„Каролина Гочева“ го чини Вардар 15.000 евра
СледноКрах на Сабаленка: Од речиси добиен меч на крајот испадна од Ролан Гарос