Еден до најдобрите дефанзивци во домашниот шампионат, Бојан Илиевски има истечен договор со неговиот досегашен клуб Струга ТЛ.
Битолчанецот сега има одврзани раце за да одбере каде сака да ја продолжи неговата кариера, а опциите се следни
Секако дека Струга ТЛ како сериозен и стабилен клуб со европски амбиции му понуди нова соработка, но во исто време повремениот македонски репрезентативец има опција да замине и во Хрватска.
Според последните информации за него е заинтересирана екипата на Истра, која што во птотуку завршениот ХНЛ шампионат финишираше како шеста.
Доколку десниот бек се одлучи да замине таму, тоа би била негова прва интернационална дестинација.
Тој досега настапуваше за домашните, Пелистер, Македонија ЃП, Работнички….















