Енди Робертсон и официјално е член на Тотенхем

75

Искусниот, и досегашен член на тимот на Ливерпул, Енди Робертсон летово ќе го промени клубот.

Од 1 јули и официјално е член на екипата на Тотенхем, која што откако конечно на крајот од сезоната обезбеди опстанок во Премиер лигата, летово ќе проба да го реновира составот.

Левиот бек го напушта „Енфилд“ по девет многу успешни сезони во кои освои многу титули и трофеји.

Спортскиот директор на Тотенхем, Јохан Ланге, не го криеше своето задоволство од потпишувањето на шкотскиот репрезентативец.

„Со задоволство го пречекуваме Енди во клубот. Тој е исклучителен лев бек – еден од најдобрите во историјата на Премиер лигата – кој ќе го направи нашиот тим посилен. Понатаму, неговите квалитети, карактер и лидерство беа очигледни во текот на неговата кариера, во која редовно се бореше за и ги освојуваше најголемите почести“, рече Ланге.

ПретходноЃоргиев пред Холандија: Мора да бидеме паметни и трпеливи
СледноСтанковиќ јуниор дефинитивно во Интер