Навивачите на Шкендија: Молба до Еколог да не се повлекува, тоа е желбата на непријателите на клубот

1087

Очигледно дека преписката на инволвираните страни кога е во прашање казната за ФК Шкендија, суспензијата овој клуб да не игра во Купот на Македонија следната сезона, како и рекордната глоба на име на пари што ја изрече Дисциплинската комисија при ФФМ ќе потрае.

Откако се јави ФК Шкендија, па возврати Фудбалската Федерација на Македонија, сега на ред дојдоа со соопштение да излезат и навивачите на клубот од Тетово.

Популарните Балисти јавно го повикаа главниот спонзор на клубот компанијата Еколог, како и нејзиниот сопственик Лазим Дестани, да ја отфрли како можност опцијата да се повлече од клубот и да продолжи да го води. Тие сметаат дека токму тоа е и целта на оние кои што наводно ова свесно му го прават на клубот и дека тоа е желбата на непријателите на ФК Шкендија.

Додаваат дека свесни се што се случува и дека сконцентрирано ја следат целата ситуација.

 

ПретходноБлагојче Трајкоски се враќа во родниот Прилеп
СледноДимовска и Гроздановска по нов резултатски подвиг