Станковиќ јуниор дефинитивно во Интер

122

Синот на Дејан Станковиќ, Александар Станковиќ и официјално стана член на тимот на Интер. Клубот од Милано, ја искористи клаузулата за да го откупи од Клуб Бриж играчот од средниот ред, па сега србинот се сели на Џузепе Меаца.

Тој го наследува секако неговиот татко кој што играше во Интер пред околу една деценија, и остави сериозен впечаток во овој клуб.

Договорот на Станковиќ ќе стапи на сила дури од 1 јули 2026 година. Истиот е со времетраење од пет години и ќе важи до 30 јуни 2031 година.

ПретходноЕнди Робертсон и официјално е член на Тотенхем
СледноТанески си поднесе оставка, Игор Илевски е нов селектор на младинците