Ѓер е вториот финалист на фајнл-фор завршницата во Лига на шампиони во женска конкуренција. По голема драма актуелниот првак славеше против Брест со минимални 31-20 и за третата круна во низа, вкупно осма во својата историја ќе се бори против Мец. Францускиот тим нема освоено титула, ќе го игра своето петто финале на завршницата на Ф4.
Францускиот тим во последните пет минути не успеа да постигне гол, на другата страна Ѓер успеа да го одбрани нападот на противникот, кој тргна со „седум на шест“, но ја загуби топката.
Дион Хушир со девет гола од 13 обиди беше прв стрелец кај победникот, на другата страна Ана Вјахирева постигна седум од девет, вклучувајќи три погодоци од пенал.
Големото финале се игра утре во 18 часот.










