Убедлив пораз за одбојкарките од Унгарија

34

Македонската одбојкарска женска репрезентација е убедливо поразена од Унгарија со 3-0 по сетови (14-25, 21-25, 11-25) во првиот натпревар во новото издание на Европската лига 2026.

Селекторот Милош Гавриловиќ и неговите избранички беа немоќни против фаворитот кој после првиот сет покажа доминација (14-25).

Нашите одбојкарки нешто порамноправен противник беа во вториот сет, има и водство, но заа жал немаа сили да го добијат истиот (21-25). Во последниот сет Унгарија беше уште поубедлива и без проблем дојде до победата.

Андротеа Милевска беше најефикасна во нашите редови со девет поени, следена од Ива Стојковска со седум, додека Љиља Ковачевиќ имаше пет поени. Марија Василевска освои три, додека по два имаа Теа Терзиевска и Ана Фасулева.

Вториот натпревар во Европската лига 2026 Македонија го игра утре против домаќинот Португалија од 19:30 часот.

ПретходноПотврдено: Едерсон ќе биде новото засилување на Манчестер Јунајтед
СледноЃер им ги скриши срцата на ракометарките на Брест