Потврдено: Едерсон ќе биде новото засилување на Манчестер Јунајтед

58

Досегашниот играч за врска на италијанската Аталанта, ќе биде првото летно засилување на екипата на Манчестер Јунајтед. Ова го потврди трансфер гуруто Фабрицио Романо, додавајќи дека сите детали околу преселбата на бразилецот на Олд Трафорд се договорени.

Едерсон во моментов има 26. години е во пикот на фудбалската кариера. По настапите во домашните Крузеиро, Коринтианс и неколку други помали клубови, тој во Европа стигна на мала врата што се вели.

Потпиша за италијанската Салернитнана, од каде што потоа добрите игри го одведоа во Аталанта.

Тој секако дека во моментов го прави трансферот на кариерата, а очигледно дека во Јунајтед сметаат дека е решението за проблемите во средниот ред.

Јунајтед и Аталанта веќе еднаш склопија голема зделка во трансферот на Расмус Хојлунд на Олд Трафорд.

ПретходноАргентина бара замена за Балерди во следните дефанзивци
СледноУбедлив пораз за одбојкарките од Унгарија