“Бомба“: Дон Флорентино со 150-180 милиони евра тргнува по Кварадона!

320
ФОТО:facebook.com/PSG/

Конечно е откриено кој е тој мистериозен играч за кого Флорентино Перез изјави дека е спремен да даде дури 150 милиони евра само за да го донесе во Реал Мадрид.

Не станува збор за Халанд, Олисе или друг, туку за Квича Кварацкелија.

Ова е “бомбата“ која ја лансираат медиумите во Шпанија.

Трансфер од 150 милиони евра не е за дефанзивец. Може да биде играч од средниот ред или напаѓач. Тој е млад играч и не е од Премиер лигата. Тој е комплетен галактикос“, рече Перез.

Според англиските новинари на TEAMtalk, од извор од Реал Мадрид, ѕвездата на Перез од 150 милиони евра е Квича Кварацкелија.
Грузиецот се етаблираше како еден од најдобрите крилни фудбалери во светот откако потпиша за ПСЖ од Наполи во трансфер вреден 80 милиони евра во јануари 2025 година.
„Извори блиски до Реал Мадрид ни кажаа дека тој е играчот за кој зборуваме и дека се направени подготовки за потенцијален трансфер“. Прашањето е, секако, дали ПСЖ сака да го продаде, но во Реал Мадрид се подготвени да платат повеќе од 150 милиони евра.
Наводно, Перез е подготвен да понуди 180 милиони евра за Грузиецот, кого сака да го види во својот клуб уште од летото.

ПретходноПо неверојатниот кикс, Вембањама искрено: “Едноставно погрешив!“ (ВИДЕО)
СледноДевојките тргнуваат во Европската лига: Унгарија прв сериозен тест за Македонија