Конечно: Зверев го освои Париз за прва Гренд Слем титула!

346
фото: Roland Garros (X)

Александар Зверев, конечно, по долги години чекање, сериозни повреди, болни порази и три изгубени финалиња на Гренд слем турнирите, успеа да го освои првиот голем трофеј и тоа на Ролан Гарос.

Во големото финале во Париз, третиот светски рекет, по вистинска гладијаторска борба и повеќе од четири часа игра, го победи Италијанецот Флавиус Коболи со 3:2 во сетови (6:1, 4:6, 6:4, 6:7, 6:1).

Во отсуство на повредените Јаник Синер и Карлос Алкараз, Зверев влезе во овој натпревар со товарот на огромен фаворит и притисокот дека ова е неговата шанса за живот. На крајот, тој ги издржа сите напади на тежок противник и влезе во Историјата.

Со овој триумф, Александар Зверев конечно ја отстрани етикетата за најдобар активен играч без титула од Гренд слем и по три изгубени финалиња, конечно ја доби толку посакуваната титула.

ПретходноШок: Ериксен колабираше, мечот Данска – Украина прекинат (ВИДЕО)
СледноЕриксен е добро, навреме се вклучил песмејкерот