Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски и неговиот тим Кувајт Спорт Клуб запишаа втора победа на Азиското клупско првенство. Денеска екипата на Кувајт Спорт Клуб славеше против Ал Наџма од Бахреин, каде што игра вардарецот Урош Митровиќ, со 30-26.
Македонскиот лев бек постигна шест гола и на крајот беше избран за МВП на мечот.
Претходно Ал Калиџ и Ал Араби одиграа нерешено 28-28.










