„Бомба“ од Истанбул: Чалханоглу во дресот на Фенербахче?!

86
ФОТО: FC Inter/X

Уф, каква “бомба“ од Истанбул!Турските медиуми објавија дека турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу би можел да биде ново засилување на Фенербахче, во случај претседателскиот кандидат Хакан Сафи да победи на претстојните клупски избори.
Според извештаите од Турција, Сафи наводно постигнал принципиелен договор со играчот од средниот ред на Интер, но реализацијата на трансферот ќе зависи од исходот на изборите, како и од евентуалниот договор со италијанскиот клуб.
Се вели дека трансферот би можел да биде официјализиран кратко време по изборите доколку Сафи го преземе управувањето со клубот.
Дополнително внимание на јавноста предизвика објава од сметката на Сафи на социјалната мрежа X, каде што беше споделена песната „Made in Romania“, која Чалханоглу ја отсвири за време на прославата на шампионската титула на Интер.
Шпекулациите за можен трансфер дополнително се засилија по објавата на познатиот новинар Фабрицио Романо, кој изјави дека Сафи постигнал договор со турскиот репрезентативец.
Романо додаде дека Чалханоглу е меѓу имињата што се поврзуваат со Фенербахче, заедно со Мејсон Гринвуд, Луис Суарез и Мериха Демирал.
Според истите информации, конечната реализација на зделката зависи од резултатите од претседателските избори во Фенербахче, како и од преговорите со Интер.
Минатата сезона, Чалханоглу одигра 30 официјални натпревари во дресот на миланскиот клуб и забележа учинок од 12 гола и седум асистенции.

ПретходноСе подготвува огромна парада од 500.000 фунти ако Англија го освои Светското првенство
СледноОдбојкарките поразени и во дуелот со Португалија