Александар Зверев, конечно, по долги години чекање, сериозни повреди, болни порази и три изгубени финалиња на Гренд слем турнирите, успеа да го освои првиот голем трофеј и тоа на Ролан Гарос.
Во големото финале во Париз, третиот светски рекет, по вистинска гладијаторска борба и повеќе од четири часа игра, го победи Италијанецот Флавиус Коболи со 3:2 во сетови (6:1, 4:6, 6:4, 6:7, 6:1).
Во отсуство на повредените Јаник Синер и Карлос Алкараз, Зверев влезе во овој натпревар со товарот на огромен фаворит и притисокот дека ова е неговата шанса за живот. На крајот, тој ги издржа сите напади на тежок противник и влезе во Историјата.
Со овој триумф, Александар Зверев конечно ја отстрани етикетата за најдобар активен играч без титула од Гренд слем и по три изгубени финалиња, конечно ја доби толку посакуваната титула.










