Кузмановски МВП во втората победа на Кувајт Спорт Клуб

391

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски и неговиот тим Кувајт Спорт Клуб запишаа втора победа на Азиското клупско првенство. Денеска екипата на Кувајт Спорт Клуб славеше против Ал Наџма од Бахреин, каде што игра вардарецот Урош Митровиќ, со 30-26.

Македонскиот лев бек постигна шест гола и на крајот беше избран за МВП на мечот.

Претходно Ал Калиџ и Ал Араби одиграа нерешено 28-28.

ПретходноБрајан Авиа постави нов младински национален рекорд во скок во далечина
СледноОлимпијката Рељиќ освои бронза на Европскиот куп во Германија