Македонија со пораз од Азербејџан ги заврши квалификациите

128

Женската фудбалска репрезентација на Македонија со пораз ги заврши актуелните квалификации. Избраничките на селекторот Андов вечерва во Битола, на стадионот Петар Милошевски загубија од репрезентацијата на Азербејџан со конечни 1:3.

Гостинките поведоа преку Бакарадзе во осмата минута, но Мустафа возврати три минути подоцна за 1:1.

Сепак, до полувреме со двата гола на Молајева, Азербејџан стигна и до 1:3, што подоцна се покажа како конечен резултат.

Со овој пораз, Македонија ја заврши оваа кампања на третата позиција на табелата со вкупно шест освоени бодови.

ПретходноРеал во контакт со Арсенал за потписот на Калафиори
СледноРеал Мадрид потврди: Арбелоа и официјално повеќе не е тренер