Светската ракометна федерација (ИХФ) им ги додели двете достапни вајлд-карти за Светското првенство за мажи во 2027 година на Турција и Саудиска Арабија, со што се комплетира составот од 32 селекици кои ќе се појават на првенството. Оваа одлука на ИХФ е изненадувачка, ако се знае дека во конкуренција беа и Унгарија, Швајцарија, Австрија… кои многумина ги видоа како сигурни добитници на овие „лаки-лузер“ места.
Со потврдениот конечен состав во среда, 10 јуни, во 18:00 часот по средноевропско време во Минхен е закажана ждрепката за групите, на која секако, ќе се појави и нашата репрезентација која обезбеди место на Мундијалот преку бараж.
ИХФ ги потврди и шеширите за извлекувањето закажано за утре:
Шешир 1: Данска, Германија, Хрватска, Исланд, Португалија, Шведска, Египет, Аргентина
Шешир 2: Франција, Словенија, Норвешка, Србија, Шпанија, Италија, Фарски Острови, Македонија
Шешир 3: Грција, Полска, Бразил, Бахреин, Тунис, Зелено’ртски Острови, Чиле, Соединетите Американски Држави
Шешир 4: Катар, Кувајт, Јапонија, Алжир, Ангола, Уругвај, Турција, Саудиска Арабија










