БРАВО, СЕКОЈА ЧЕСТ: Еве како Перо Антиќ го однесе синот на починатиот Панчо на полуматура!

1356
Фото: Принтскрин / Фејсбук (Hype TV MK)

И дефинитивно еден е Перо Антиќ. Човек со ДУША, човек со ГОЛЕМО СРЦЕ. Човек кој во овие времиња ја враќа надежта дека луѓето се луѓе.

Нашиот прославен некогашен кошаркар, некогашен претседател на КФМ, го одржа ветувањето и покажа на дело дека е човечка грамада.

По повод полуматурската вечер на Марјан, синот на неговиот прерано починат пријател и музичар Владимир Блажев – Панчо од „ДНК“, Перо се погрижи овој важен ден за момчето да биде навистина незаборавен. Наместо само обична честитка, Перо Антиќ со својот спортски автомобил лично се појави како придружба на младиот полуматурант.

Секако дека Марјан ова ќе го памети, ова не се заборава, и знае дека иако го нема покрај себе својот татко, има луѓе кои секогаш ќе бидат тука за него.

ПретходноПретседателот на САД исвиркан: Трамп го гледаше шоуто на Вембањама – Спарси намалија на 2:1!(ВИДЕО)
СледноШпанија без проблеми до победа против Перу