Почина некогашниот репрезентативец на Буркина Фасо

45

Екс репрезентативецот на Буркина Фасо, Без Азиз Загре, почина на 27. годишна вораст од последиците од туморот на коленото. Талентираниот фудбалер ја заврши прерано кариерата минатата година, за да се посвети на лекувањето откако му беше дијагностицирана тешката болест.

Иако тој имал операција, и туморот бил одстранет сепак, подоцнежната рехабилитација била неуспешна.

Загре последно беше дел од рускиот второлигаш, тимот на Шиник Јарослав, а во кариерата настапуваше и за екипи како Виториа Гимараеш, Каисар и дански Ејсберг.

 

ПретходноШкендија на подготовките ќе спарингува со Хајдук
СледноАталанта официјално се збогува со Паладино и отвори простор за Маурицио Сари