Бразилскиот интернационалец кој што во моментов настапува за тимот на Тирана од Албанија, Рафаел Фреитас, најверојатно ќе биде првото засилување за тимот на Шкендија летово.
Од Тетово пристигнува информацијата дека раководните структури на Шкендија веќе имаат сериозен контакт со дефанзивниот играч за врска, и тој начелно дал сосгласност да се пресели во ПМФЛ шампионатот.
Инакум се работи за 26. годишен играч кој што во минатото има настапувано за екипите на Коимбра во Бразил, како и за тимот на Лешоеш во Португалија. Роден е во Бело Хоризонте, и во моментов неговата вредност на Трансфермаркт, е 300.000 евра.
Шкендија минатата сезона не освои ниту еден трофеј, а летово сепак, е еден од нашите претставници во Европа. Има намера повторно да има силен тим кој што на меѓународна сцена ќе го повтори успехот од лани кога тетовци ја минаа и групната фаза од Лигата на Конференции и заминаа во елиминациите.















