Норвешка однесе во САД 300 килограми риба, и 6000 портокали

93

Репрезентацијата на Норвешка е дел од Мундијалите за прв пат по 1998 година. Децении поминаа за норвежаните повторно да се радуваат на ваков успех, а генерацијата на Халанд тоа им го освозможи.

Сега, откако Норвешка е веќе на пат за САД, и својата база во Гринсборо, Северна Каролина, објавени се и детали околу самиот престој.

Нормално, како и секоја експедиција на овој турнир, норвежаните си доведоа свој готвач и сопствена храна.

Арон Еспеланд, човекот кој готви за националниот тим веќе 35 години, одлучи да понесе за потребите на норвежаните 300 килограми риба, и 6000 портокали меѓу другото.

Неговиот тим го составуваат уште тројца од најдобрите готвачи во Норвешка, и тие се подготвени за предизвикот.

САД и Норвешка се две тотално различни земји, и што повеќе репрезентативците се чувствуваат како дома, тоа подобро. Токму затоа и се прават овие напори, за аклиматизацијата да биде што побезболна.

Франција, Сенегал и Ирак се противниците на Норвешка, во групата која се смета дека е една од најтешките на овој Мундијал.

 

ПретходноСомалискиот судија кој доби забрана за влез во САД дочекан како херој
СледноОливер Богатинов и официјално е нов тренер на Тиквеш