Оливер Богатинов: Доктор по фудбал на клупата на Тиквеш?!

327
ФОТО:facebook.com/ndgorica

Како што дознаваме, лесно може да се случи Тиквеш во следната сезона на клупата да има и тоа како врвен стручњак, доктор по фудбал. Имено има најава дека Оливер Богатинов (47) би можел да седне на клупата на кавадарчани.

Станува збор човек кој што е роден во Крањ (Словенија) ама и тоа како со македонско потекло. Како фудбалер играл во неколку клубови во Словенија, а има настапи и за младите селекции на таа земја.

Како тренер бил шеф на струката во Горица, Копер, Радомље, бил спортски директор на Марибор и Копер, а на почетокот на својата кариера бил помошник во Олимпија.

Во Словенија е многу почитуван и респектиран, интересно е тоа што “СпортСпорт“ пред два месеци пишуваше дека неговиот син Габриел Богатинов, член на Копер и роден 2009 година, има шанса да игра за Македонија иако веќе има настапи за Словенија.

ПретходноВо Минхен се крои судбината: Македонија ги чека ривалите за СП
СледноЕдин Џеко на Светското првенство ќе носи копачки од македонскиот уметник Грабулоски