Русија се враќа на големата сцена: Москва ќе биде домаќин на СП во кревање тегови

0

Русија доби организација на Светското првенство во кревање тегови во 2030 година, одлука што предизвика остра реакција во повеќе европски земји. Меѓународната федерација за кревање тегови (IWF) официјално потврди дека домаќин на шампионатот ќе биде Москва.

Ова е првпат од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година, Русија да добие право да организира светско првенство во олимписки спорт. Полскиот министер за спорт, Јакуб Рутницки, ја осуди одлуката, оценувајќи дека додека трае војната во Украина, Русија не треба да биде домаќин на големи меѓународни натпреварувања.

Одлуката доаѓа по постепеното ублажување на ограничувањата за руските спортисти. Претходно, IWF им дозволи на помладите категории, а потоа и на сениорите, да настапуваат под руско знаме.

Покрај Москва, федерацијата ги додели и другите домаќинства за периодот од 2028 до 2030 година. Приштина ќе биде домаќин на Светското првенство за кадети во 2028 година, Каракас на јуниорскиот шампионат истата година, додека Ахмедабад ќе го организира сениорското Светско првенство во 2029 година.

ПретходноВо продажба билетите за натпреварот Македонија – Луксембург