Победата на тимот на Оклахома Сити Тандер над ЛА Клиперси од 108:101 остана во сенка на тешката повреда на Џејлен Вилијамс во финишот на дуелот.
Звездата на Тандер во еден налет да забие во противничкиот кош незгодно доскокна и буквално го изврте целиот зглоб на левата нога наседнувајќи со целата тежина на него.
Тоа предизвика тешка повреда по која што Вилијамс остана неподвижен на паркетот и мораше да биде изнесен на носилки.
Стравичната глетка ги потресе сите присатни, а и оние пред екраните кои што останаа буквално во шок.
Секако дека Вилијамс ќе биде подложен на операција, а колку ќе трае неговиот опоравок останува да видиме.









