Кошаркарките на Бадел 1862 остварија значајна победа во дерби-дуелот од второто коло на „Шпаркасе Лајф“ Првата лига-жени, откако на гостувањето кај Крива Паланка славеа со 88:80.
Гостинската екипа го најави триумфот уште во првата четвртина, во која направи клучна предност од 12 поени (28:16). Во продолжението, Бадел 1862 успешно го контролираше резултатот и го приведе натпреварот до посакуваниот исход, нанесувајќи му го на бранителот на титулата вториот пораз во првите две кола.
Марија Николов беше најефикасна во победничкиот состав со 32 поени, три скока и три асистенции. Фримен оствари трипл-дабл учинок со 17 поени, 14 скока и 10 асистенции, додека Клири запиша дабл-дабл со 20 поени и 11 скока. Петрушевска придонесе со 10 поени и шест скока.
Кај Крива Паланка блескаше Гордон, која го заврши натпреварот со 40 поени. Ли имаше дабл-дабл од 11 поени и 14 скока, додека капитенката Алексовска постигна 12, а Груевска 10 поени.
По две одиграни кола, Бадел 1862 е меѓу трите екипи со максимален ефект, заедно со Вардар и Баскет кам, додека Крива Паланка останува без победа.
Во третото коло, закажано за 31 октомври, Бадел 1862 го пречекува Баскет кам, а Крива Паланка гостува кај Гевгелија.
„ШПАРКАСЕ ЛАЈФ“ ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО
МЗТ Скопје Аеродром – Патриот 2016 78:45
Вардар – Гевгелија 96:62
Баскет кам – Пробаскет 75:66
Крива Паланка – Бадел 1862 80:88
ТАБЕЛА: Вардар 2/0, Бадел 1862 2/0, Баскет кам 2/0, МЗТ Скопје А 1/1, Гевгелија 1/1, Крива Паланка 0/2, Пробаскет 0/2, Патриот 2016 0/2
ИДНО КОЛО (31.10)
Гевгелија – Крива Паланка
Бадел 1862 – Баскет кам
МЗТ Скопје Аеродром – Вардар
Пробаскет – Патриот 2016










