Македонија до 15 години со реми против Кенија, претходно пораз од Чад на Светското првенство во Баку

1

Младата репрезентација на Македонија до 15 години го одигра третиот натпревар на Светското првенство во форматот 7+1 во Баку, Азербејџан, ремизирајќи 2:2 против селекцијата на Кенија, во тежок и неизвесен дуел.

Нашите млади фудбалери во еден момент имаа предност од 2:1, но по долга акција на противникот и грешка во нашата игра, Кенија успеа да стигне до израмнување за конечни 2:2.

Головите за Македонија ги постигнаа Јетмир Асани и Хамза Зубери.

Почетен состав на Македонија: Марио Стојковски, Дин Рожајац, Јетмир Асани, Ејмар Емини, Давор Танески, Стефан Стојановски, Јоан Георгиевски и Драган Петков.

На претходниот, втор натпревар на турнирот, Македонија загуби од репрезентацијата на Чад со 1:2, во меч со драматична завршница.

Македонија поведе со 1:0, но противникот успеа да израмни на 1:1, а во последните десет секунди од натпреварот го постигна и вториот погодок за конечна победа од 2:1.

Почетен состав на Македонија:
Марио Стојковски, Дин Рожајац, Ејман Емини, Јетмир Асани, Фисник Амити, Јоан Георгиевски, Доротеј Христов и Драган Петков.

Замени: Максим Ѓоревски, Хамза Зубери, Стефан Стојановски, Стефан Арсов и Давор Танески.

На воведниот дуел од шампионатот во Азербејџан, Македонија ја победи Панама со 4:1.

ПретходноПелистер во финишот го „скрши“ Скопје