Пелистер во финишот го „скрши“ Скопје

1

Во исклучително интересен, динамичен, и неизвесен дуел, екипата на Пелистер вечерва пред своите гледачи со конечни 101:94 го совлада тимот на КК Скопје 2023 во рамките од чевртото коло од домашниот кошаркарски шампионат.

Гостите на овој меч подобро го започнаа мечот и ја добија првата четвртина со 19:26. Имаа резултатски баланс и по втората делница која што ја загубија минимално со 23:22.

Скоро идентична ситуација и во продолжението на дуелот во кој што третата четвртина заврши со 25:24, за да разликата на домаќинот биде направена во финишот на мечот.

Битолчани беа посконцентрирани во последниот дел, го добија со дванаесет поени разлика односно со 34:22, и тоа беше клучот на нивниот триумф денеска.

Најдобар поединец на овој меч беше Кочовиќ со дури 31. поен на своето конто, додека гостинскиот американски двоец Џонс и Колин стигнаа до 22, односно 20 поени.

Пелистер по четири кола има две победи и два пораза, додека КК Скопје 2023 досега само еднаш се радуваше.

ПретходноВо Сосиедад се беше готово за половина час