Башкими и натаму „виси“ за ПМФЛ, судот ќе одлучи дали ќе биде исклучен!

451

Иако веќе е познат распоредот на следната сезона во ПМФЛ и во десетте екипи учесници стои тимот на Башкими, сепак истиот список може да се промени. Денеска од ФФМ стигна „трошка или слоновска надеж“ за испаднатите од „елитата“.

Случајот за натпреварот меѓу Кожуф и Башкими, кој ја разбуди спортската јавноста поради индиции за местенка, е веќе пред почеток на судска постапка. Доколку судот донесе пресуда против Башкими, во тој случај ФФМ ќе го отстрани од лигата и на негово место ќе дојде тим.

„За случајот Башкими процедурата е дојдена до суд, со имиња и презимиња на официјални лица, тренери играчи. Обвинителството ги гони по член 253, став 4, за неовластено примање на подароци. Ниту УЕФА, ниту ФФМ не е суд. Ние можеме да дејствуваме по судска пресуда. Ги суспендиравме лицата кои признаа што направиле. Меѓутоа, за да преземеме мерки против било кој клуб, ние мора да добиеме правосилна судска пресуда. Се додека не добиеме пресуда за било кој клуб, нема да исклучиме ниту еден наш клуб“, велат од ФФМ.

ПретходноПознат е распоредот за новата сезона во ПМФЛ: Вардар и Шкендија ќе се сретнат во второто коло!
СледноСаудијците му нудат на Рафиња четири пати поголема плата од неговата за да ја напушти Барселона