Вукашин Јовановиќ ќе се бори за златен медал на Светската универзијада

26

Македонската универзитетска карате репрезентација продолжува со одличните настапи на Светската универзијада во Бразилија, каде што и вториот натпреварувачки ден донесе нов медал за нашата селекција.

Младиот каратист на Макпетрол Вукашин Јовановиќ во категоријата до (-67кг), денеска беше брилијантен, тој обезбеди пласман во големото финале и најмалку сребрен медал, откако во полуфиналната борба оствари импресивна победа над еден од фаворитите во категоријата, натпреварувачот од Иран.

Со овој резултат Јовановиќ ќе се бори за златниот медал, а воедно го обезбеди и второто одличје за Македонија на шампионатот, по успехот остварен на првиот натпреварувачки ден.

Во групната фаза тој имаше три задолжителни борби и потоа четвртфинале и полуфинале:

Вукашин Јовановиќ – Мартин Густаво Чиле 7-0

Вукашин Јовановиќ –Вала Хосеин Иран 5-5

Вукашин Јованович –ЧумВонг Сирапат Тајланд 3-0

Вукашин Јовановиќ –Цабело Саморан Шпанија 8-0

Вукашин Јовановиќ – Вала Хосеин Иран 8-4

Македонските каратисти и денеска покажаа висок квалитет и конкурентност. Дури четворица наши репрезентативци успешно ја поминаа групната фаза од натпреварувањето и се пласираа во четвртфиналето, каде што за жал беа запрени во борбите за медал.

Данило Божович (-84кг) и Љупче Михајлов (-75кг) оставија многу силен впечаток, тие имаа по неколку победи ја поминаа групната фаза, влегоа во вториот круг но не успеаја да стигнат до полуфиналните борби и да обезбедат медал.

Натпреварите продолжуваат и во наредните денови, а македонската експедиција останува во игра за нови високи пласмани и медали на најголемиот светски универзитетски спортски настан. Утре настапуваат машкиот и женскиот кумите тим.

 

ПретходноИзненадувачки, Нејмар можеби ќе биде дел од премиерниот меч на Бразил
СледноМеси влезе во игра во 70-тата минута: Погледнете што направи две минути подоцна (ВИДЕО)