Кошаркарската федерација на Македонија и Комерцијална банка ја продолжија соработката

135

Кошаркарската федерација на Македонија изразува искрена благодарност до Комерцијална банка АД Скопје за одлуката да ја продолжи соработката и поддршката на машката сениорска А репрезентација на Македонија.

Продолжувањето на ова партнерство претставува значајна потврда за довербата што Комерцијална банка ја има во македонската кошарка и во националниот тим, кој со гордост ја претставува нашата држава на меѓународната сцена.

Поддршката на нашата најдобра репрезентација е од особено значење во остварувањето на поставените спортски цели и обезбедувањето на најдобри можни услови за подготовка и настап на македонските репрезентативци.

Во име на Кошаркарската федерација на Македонија, стручниот штаб и сите репрезентативци, упатуваме искрена благодарност до раководството на Комерцијална банка АД Скопје за препознавањето на важноста од континуирана поддршка на националниот тим.

Уверени сме дека и во периодот што следува, заеднички ќе продолжиме да работиме во интерес на македонската кошарка и ќе се стремиме кон нови успеси кои ќе донесат радост и гордост за сите љубители на спортот во нашата земја.

ПретходноДејвис куп: Македонија поведе со Молдавија 1-0, Ивановски го доби мечот со Снитари
СледноФИФА веројатно повторно ќе молчи: Иранците повторно во проблеми пред Светското првенство!