Реџа и официјално е првото засилување за Работнички

113

КК Работнички денеска и официјално се пофали со ново засилување за тимот за следната сезона. Од Работнички информираа дека нов кошаркар, воедно и прво засилување за наредната сезона, е Фатјон Реџа.

Фатјон доага од редовите на Чаир 2030 АД Скопје каде помина 4 сезони.

Во минатата сезона на 25 одиграни средби просечно бележеше 12,2 поени, 6,7 скокови и 2,7 асистенции по натпревар.

Реџа е висок 200 см., и успешно игра на позициите 4 и 3.

ПретходноКазна за Вардар од 17.000 евра поради пиротехниката на мечот со Шкендија
СледноДејвис куп: Моладвија изедначи, Приходко поради грчеви го предаде мечот