Шкендија (Т) како домаќин ќе игра во Гостивар, а Шкендија (А) на Чаир! (ФОТО)

462

За првпат во историјата на ПМФЛ, Шкендија Тетово и Шкендија Арачиново следната сезона ќе ги одмеруваат силите во нашата елитна лига. Но, и двете екипи нема да бидат домаќини на своите стадиони во Тетово и Арачиново.

Имено Шкендија Тетово следната сезона, своите натпревари како домаќин ќе ги игра на Градскиот стадион во Гостивар. Ова е поради фактот дека продолжува реконструкцијата на стадионот под Шара, ќе се урива а потоа и гради уште една трибина, и затоа се бара алтернативен стадион.

Инаку познато е дека Шкендија (Т) првите четири средби во сезоната 2026/27 ќе ги игра без публика поради казната од ФФМ за случувањата во фиалето на Купот на Македонија.

Шкендија Арачиново, како што и самиот клуб објави, своите мечеви како домаќин ќе ги игра на Чаир. Со напомена дека мора претходно на овој стадион во Скопје да се инсталира ВАР систем.

ОФИЦИЈАЛНО СООПШТЕНИЕ
Драги навивачи и љубители на клубот,
Со задоволство објавуваме дека ФК Шкендија Харачина постигна официјален договор со раководството на ФК Шкупи за играње на сите локални натпревари за новата сезона на стадионот Чаир.
Во оваа прилика, сакаме да им се заблагодариме на раководството на ФК Шкупи за нивната коректност и гостопримство, како и на градоначалникот на општина Чаир, г-дин Изет Маџити, за поддршката дадена во реализацијата на оваа соработка.
На крајот, од срце му посакуваме на нашиот братски клуб, ФК Шкупи, успех и брзо враќање во нашата фудбалска елита – таму каде што припаѓа и каде што се среќава нејзината историја.
Ве очекуваме на трибините на Чаир за заедно да ја започнеме оваа нова сезона!
Со почит,
Раководството на ФК Шкендија Арачиново“
соопштија од Шкендија Арачиново.

ПретходноБенфика откри колку Реал мора да плати за Мурињо
СледноВо Минхен се крои судбината: Македонија ги чека ривалите за СП