Официјално: Ѓорги Ѓоргиев потпиша за Црвена Звезда

195

Првиот техничар на македонската одбојкарска репрезентација, Ѓорги Ѓоргиев следната сезона ќе го носи дресот на Црвена Звезда. Како што потврдија вечерва од српскиот клуб, Ѓиргиев доаѓа како нивно големо засилување.

„Големо задоволство е да објавиме добредојде за новио техничар на Црвена Звезда, искусниот македонски репрезентативец Ѓорги Ѓоргиев. Ѓоргиев во Црвена Звезда доаѓа од екипата на Алтерн од Франција“, напишаа од ОК Црвена Звезда.

Нашиот репрезентативец денеска замина со нашата селекција на вториот турнир од Европската лига 2026, кој ќе се одржи во Грција.

ПретходноРеал испрати понуда за Бернардо, ќе има ли договор?
СледноОФИЦИЈАЛНО: Мурињо три години на клупата на Реал (М)