Дејвис куп: Нова победа на Калин Ивановски, Македонија поведе против Грузија

92

Македонската тениска репрезентација поведе со 1-0 во мечот од 3.коло од Третата Европска група од Дејвис купот против Грузија откако Калин Ивановски за 85 минути игра го совлада Александре Бакши со 2-0 во сетови (7:6(2); 6:2). Ова е дуел за второто место во групата и за победа е потребен уште еден триумф.

Мечот на Ивановски беше прекинат по првиот сет поради лошо време (дожд). Инаку првиот брејк во мечот го направи тенисерот на Грузија и поведе со 4:3 во гемови, но Ивановски со два гема еден брејк дојде до предност од 5:4. По 6:6 се играше тај брејк, каде Ивановски покажа доминација и дојде до предност од 5:1 на поени и потоа го „13-тиот гем“ со 7:2 на поени.

По паузата поради лошото време стартуваше вториот сет и по 2:1 за Бакши, македонскиот тенисер освои пет гема во низа и го доби сетот со 6:2 што значеше водство од 1-0 за Македонија.

Во вториот сингл меч играат Олег Приходко за Македонија и Саба Пурцеладзе за Грузија, а потоа е и мечот во двојки.

ПретходноКласика потег на Доналд Трамп: Нема да биде дел од првиот меч на САД на Мудијалот
СледноТрансфер од соништата: Ива Младеновска е нов член на Борусија Дортмунд