И официјално, тимот на КК Црвена Звезда го промовираше шпанскиот стратег Ибон Наваро за нов тренер. Она што беше најавувано некое време, денеска доби и официјализација.
Досегашниот тренер на тимот на Уникаха доаѓа во Белград, за да ги поправи нештата од изминатиот период, и да состави нов тим кој што ќе биде конкурентен во Евролигата пред се.
„Ибон Наваро отвора ново поглавје во својата тренерска кариера во Белград, која досега се карактеризираше со стил во кој тимовите што ги водеше од клупата играа многу брза, интензивна кошарка, користејќи голем број играчи во ротација. Црвена Звезда му посакува на нашиот нов тренер Ибон Наваро многу успех, среќа и победи! Клубот ќе ја информира јавноста за сите понатамошни активности поврзани со преодниот рок и трансферите на играчи исклучиво преку официјалните сметки на клубот“, објавија црвено-белите.
Ибон Наваро нови је тренер КК Црвена звезда Меридианбет! Шпански стручњак, који је са великим успехом предводио екипу Уникахе и освојио седам трофеја за четири сезоне, стиже у Београд, где га чека нови изазов, као првог тренера црвено-белих!
Наваро у Београду отвара ново… pic.twitter.com/GSug9m7cfu
— KK Crvena zvezda Meridianbet (@kkcrvenazvezda) June 12, 2026










