Димитријевиќ и Баерн поведоа со 1:0 во финалната серија во битката за титулата во Германија

76
ФОТО:.facebook.com/fcbayernbasketball/

Ненад Димитријевиќ и Баерн Минхен на свој терен славеа со 102:94, против Алба во првиот меч од финалната серија во битката за титулата во шамшионатот на Германија. Нималку лесна победа за тимот од Минхен, ако се знае дека гостите од Берлин прикажаа одлична игра,посебно во првата фаза од оваа средба. Од друга страна составот на Светислав Пешиќ одигра најдобро кога беше најпотребно.

Сепак да кажеме дека придонесот на нашиот најдобар кошаркар на овој прв меч од финалната серија беше скромен. Ненад Димитријевиќ одигрс 16 минути и запиша четири поени и два скока.

ПретходноДубаи среде Белград стана шампион во АБА лигата!
СледноБосанците не издржаа во Торонто, реми против Канада!(ВИДЕО)