Актуелниот фудбалски шампион на Македонија, тимот на Вардар е елиминиран во 1/8 финалето од КУП натпреварувањето, откако денеска на комплексот Петар Милошевски во Скопје, е поразен од екипата на Тиквеш со конечни 1:3.
Со ова пропаднаа шансите Вардар да атакува на двојната круна во овогодинешниот шампионат. Тиквеш денеска одигра во Скопје одлично, постигна три гола, и заслужено оди во понатамошната фаза.
Грешката на Матиќ донесе водство за гостите
Во првиот дел од овој дуел реално Вардар имаше ситуација да поведе. Пиреш излезе сам пред Стевковски по грешката на одбраната на Тиквеш, но португалецот очигледно дека си ги прецени техничките можности, па наместо да шутираше проба да лобува, а тоа го направи катастрофално. Омерагиќ имаше шанса со глава но биеше над голот.
Во вториот дел, Тиквеш стрпливо ја чекаше својата шанса и ја дочека. Во 49. минута очајна реалција на Мислав Матиќ кој што во обид да расчисти погреши и го остави Окебе да излезе сам пред Талески и ра реализира за 0:1.

Вардар тргна силно да израмнува, а до 1:1 се дојде октако Данев проба да шутира во гужвата пред голот на Тиквеш, топката се одби до Николов, а овој реализира за израмнување.

Тиквеш заслужено победува
Сепак, овој резултат траеше само пет минути затоа што Сила во 62. минута по еден соло пробив прекрасно го совлада Талески.
Вардар шокиран од уште едно водство на гостите проба повторно да се враќа. Направи измени, нападна пак, но грешките во средината на теренот денеска шампионот го чинат многу. Прекрасна полуконтра во која Лавал добива топка на петерец и непречено забива за 1:3.












