Одбојкарите го направија последниот договор во Атина пред пресметката со Исланд

43

Македонската одбојкарска репрезентација веќе е во Атина каде денеска и утре игра два меча од вториот турнир од Европската лига 2026.

Селекторот Јошко Миленкоски нема да прави промени во составот, односно истите 14. одбојкари на кои сметаше за воведните два дуели од годинешното издание ќе ги има на располагање и за натпреварите со домаќинот Грција, односно Исланд.

Во пресрет на денешниот прв натпревар против Исланд (19 часот) нашите одбојкари го одработија последниот тренинг.

„Мислам дека многу работи ќе зависат од нас во Атина, од нашето издание и од тоа што ние ќе покажеме и на двата натпревари. Против Грција сигурно нема да бидеме фаворити, а тоа ни оди во полза. Што се однесува до Исланд, тие се екипа од послаб ранг, ги анализираме, а ќе имаме и можност да го гледаме нивниот натпревар со Грција, по што сигурен сум дека во договор со стручниот штаб ќе поставиме тактика со која ќе успееме да си ја реализираме посакуваната цел – победа. Се надевам дека вториот турнир ќе биде поуспешен за нас“, најави Филип Савовски пред заминувањето за Атина. 

ПретходноИмето на Мартин Томовски со златни букви е запишано во историјата на Бундес-лига II
СледноТри тима во обид да го спречат Магдебург да остане на тронот!