Тодоров од Холандија на директорското место во Рапид Букурешт

205

Македонскиот кошаркарски стручњак, Александар Тодоров од денеска е нов генерален менаџер на романскиот кошаркарски тим Рапид Букурешт.

Веста ја објавија од романскиот клуб на социјалните мрежи. 52-годишниот Александар Тодоров се враќа во Романија по четири сезони минати во оваа земја. Нашиот стратег со себе носи и 25 години искуство во кошарка на високо ниво, како тренер во 4 различни земји.

Како главен тренер, тој освои шампионски титули во Македонија и Бугарија, а како тренер ја водеше и репрезентацијата на Македонија. Потоа ја прошири својата експертиза во менаџерската област, поминувајќи 5 години како генерален директор во „Ландстеде Хамерс“ во Цволе, Холандија – мандат што го заврши пред само неколку дена со својата прва шампионска титула како менаџер.

ПретходноДејвис куп: МАКЕДОНИЈА се врати во Втората Светска група, совладана Црна Гора со 2-1
СледноТурција на нозе: Фудбалерите фатени како пушат, некои тврдат дека е марихуана! (ВИДЕО)