Во понеделник: Почеток на подготовките на младинската репрезентација Македонија

57
фото: mkd.basketball

За кратко време по крајот на регуларнито ел од сезоната, кој кулминираше со одигрувањето на финалниот турнир во М20 лигата, селекторот на машката младинска репрезентација на Македонија, Никола Велев, го определи и „возниот ред“ поврзан со подготовките на оваа наша репрезентатицна селекција за обврските кои следуваат во текот на летото.

А тоа е настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 20“ години кои од 10. до 19. јули ќе се одржи во главниот град на Словачка – Братислава.

Согласно со планиранотот, Велев ќе ги собере 18.кандидати за место во „финалните дванаесет“ на 15.јунии (понеделник), од 12.часот, во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

Следувата вкупно 23. тренинзи преку кои ќе се бара посакуваната форма за настапите во групата „А“, заедно со селекциите на Ирска, Шведска, Азербејџан, и домаќинот на првенството – селекцијата на Словачка.

По реализацијата на неколку селективни тренинзи, селекторото Велев се определи за следните кошаркари:

Список на играчи за подготвителен период – Македонија У20 мажи

Никола Јаничиќ – САД

Даниел Бутемер – САД

Даријан Димовски – САД

Лука Марјановиќ – САД

Давид Петрушевски – Италија

Сергеј Младеновски – Вардар – Скопје

Матеј Митревски – Вардар – Скопје

Димитар Зетов – Кожув – Гевгелија

Коста Ќириловски – Кожув Гевгелија

Андреј Стојановски – Феникс 2010

Амар Грбовиќ – Феникс 2010 – Скопје

Атанасиј Трајанов – Водно санс

Бојан Димитриев – Водно санс – Скопје

Горазд Митев – Водно санс – Скопје

Марко Луканоски – Маџари – Скопје

Сергеј Петровиќ – Гостивар

Андреј Чадамов – Тиквеш ГИ – Кавадарци

Максим Трајковиќ – Работнички – Скопје

Селектор: Никола Велев

ПретходноАнчелоти потврди: „Кариоките“ вечерва без Нејмар против Мароко
СледноОва е фудбал: Паузите и делењето на мечевите по 1/4, правете си ги во НФЛ и НБА!