Македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томовски зад себе има сезона за паметење. Тој со неговиот Битигхајм изборија пласман во Бундес-лигата, а Томовски беше една од главните причини.
Неговото име е запишано со златни букви во втората Бундес-лига, нашиот голман е прогласен за МВП на сезоната. Томовски одигра 31 натпревар и забележа 273 одбрани, неговата успешност е поголема од 31%.
Томовски во своја статистика има 21 седмерец, постигна четири гола и забележа уште осум асистенции.
Сите овие бројки се потврда дека МВП признанието оди во вистински раце.










