Денеска на Мундијалот: Германија ќе “билда“ гол – разлика против Курасао! Ќе ја видиме и Холандија против “самураите“

108
ФОТО:facebook.com/DFBTeamEN/

Германија го отвора својот настап во Групата Е на Светското првенство во Хјустон со јасна цел да избегне едно од најголемите изненадувања во историјата на натпреварувањето. По разочарувачките настапи на претходните две првенства во 2018 и 2022 година, каде што завршија во групната фаза, четирикратните светски шампиони под водство на Јулијан Нагелсман бараат искупување и враќање на врвот. „Маншафт“ влегува на турнирот во одлична форма со девет последователни победи, и иако јавноста не ги смета за меѓу фаворитите овој пат, тимот е преполн со индивидуален квалитет. Сè во фазата на напад и креација ќе се врти околу смртоносното трио Сане – Мусиала – Вирц, кој ќе го снабдува Каи Хаверц на самиот врв на нападот. Рамнотежата во средниот ред ќе ја одржува младиот дуо Феликс Нмеча и Александар Павловиќ, додека на голот, и покрај малите проблеми со глуждот, се очекува искусниот капитен Мануел Нојер пред докажаната бековска линија предводена од Кимих и Тах.
Од друга страна, Курасао пристигнува на големата сцена без никаков притисок, свесен дека самото квалификување за турнирот е раѓање на нова фудбалска историја. Тимот предводен од 78-годишниот холандски стручњак Дик Адвокат стана најмалата нација по население и површина што некогаш се квалификувала за финалето на Светското првенство.

Дали Германија ќе билда гол – разлика или ќе се случи нешто друго останува да се види.

Мечот започнува од 19 часот.

Нешто подоцна, во 22 часот ќе ги видиме и Холанѓаните и тоа против Јапонија, а во утринската програма се среќаваат БСК – Еквадор и Шведсја – Тунис.

ГРУПА Е

ХЈУСТОН – 19.00 Ч

Германија – Курасао

ГРУПА Ф

АРЛИНГТОН – 22.00 Ч

Холандија – Јапонија

ГРУПА Е

ФИЛАДЕЛФИЈА – 01.00 Ч

БСК – Еквадор

ГРУПА Ф

МОНТЕРЕЈ – 04.00 Ч

Шведска – Тунис

ПретходноЈунакот на Катар со солзи во очите….му благодарам на Алах, господарот на сите светови (ВИДЕО)
СледноИнтересно: Англичаните уште сега се подготвуваат за пенал – серии во групната фаза!