Македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски кој замина на кратка авантура во Кувајт, би можел да се врати со одличје. Тој ќе се бори за трофеј во азиската Лига на шампиони, откако тимот на Ал Кувајт за кого настапува Кузмановски избори место во полуфиналето на овој шампионат.
Ал Кувајт а за противник ќе го Дмитро Хориха, кој настапува за Ал Калеј. Македонскиот репрезентативец и Украинецот со македонски пасош беа директни конкуренти за титула и во нашиот шампионат. И двајцата во разигрувањето во азиската Лига на шампиони беа прогласени за МВП. Во Ал Калеј настапува и Кристијан Пилиповиќ.
Битката за пласман во завршницата беше навистина тесна. Поради подобрата гол разлика во најдобрите четири тима се пласира Кузмановски пред тимот на Данило Брестовац, Ал Араби, кој заврши на петтото место.
Полуфиналните натпревари се играат утре.
View this post on Instagram










