Машката кошаркарска репрезентација на Македонија ги стартува подготовките

122

Македонскиот национален кошаркарски состав утре и официјално ќе ги стартува подготовките за „А“ групата од претквалификациите, а закажани се натпревари против Ирска и Луксембург.

Со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи првиот собир на нашата машка сениорска репрезентација во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

Селекторот Жозеп Мариа Берокал, во согласност со својата стратегија, состави поширок список на кошаркари, меѓу кои се и нови имиња кои досега не биле дел од сениорскиот тим. Целта е да се запознаат со потенцијалот и квалитетите на овие играчи, како и да се подготват за претстојните натпревари.

Во подготвителниот период ќе биде потврдено и кој од натурализираните кошаркари, ќе бидат во конкуренција за место во тимот. Првиот натпревар е закажан за 2. јули против селекцијата на Ирска, а следува гостувањето во Луксембург на 5. јули.

Поширок список на играчи за ФИБА „прозорец“ – јули 2026

Ненад Димитријевиќ – Баерн Минхен-Германија

Андреј Јакимовски – Тренто – Италија

Адем Мекиќ – Задар – Хрватска

Лејсон Зеќири – Башкими – Косово

Валмир Какруки – Сигал Приштина – Косово

Резарт Мемед – Бора – Косово

Андреј Шошкиќ – НЦАА-САД

Павел Иванов – НЦАА – САД

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром

Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром

Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром

Виктор Ташовски – ТФТ

Страхил Николов – ТФТ

Стојан Ѓуроски – МКК Куманово

Мухамед Тачи – Чаир 2030

Рубин Стефанов – Ангели

Виктор Ефремовски – Работнички

Андреј Митревски – Пелистер

Лука Стојановски – Пелистер

Никола Бојчев – Кожув

Теодор Симиќ – Кожув

Амар Хот – Маџари

Марко Луканоски – Маџари

Петар Бошалески – Тиквеш Голден Игл

Михаил Наумоски – Феникс 2010

ПретходноАнчелоти не е разочаран, но не е ниту задоволен
СледноДенеска завршува сезоната во која Кирил Лазаров е рекордер